Македонски

Имуноалфа го проширува својот пазар. Со задоволство ве известуваме дека во Скопје е основана фирмата АЛФА ИМУНО ПРОТЕКТ, која ќе ја претставува и дистрибуира Имуноалфа во Македонија, Бугарија и Грција. Договорот беше потпишан помеѓу директорот Danijela Balikic  и директорот Dijana Zaovska

контакт за МАКЕДОНИЈА   tel: +389 71 888 899

АЛФА ИМУНО ПРОТЕКТ Ул. Гиго Михајловски бр. 1-3/2, Скопје

Имуноалфа (Imunoalfa) е хрватски производ и горд партнер на Детската болница „Сребрњак“ во Загреб.

НАМЕНА, СОСТАВ, ДЕЛУВАЊЕ, ДОЗИРАЊЕ, ПАКУВАЊЕ, ЦЕНА И ПРОДАЖНИ МЕСТА

Имуноалфа се уникатни таблети од козјо и кобилино млеко со 5 лековити билки.

Намена

Силно зајакнување и одржување на имунитетот, како и ефикасно отстранување на алергии.

Состав

Имуноалфа е производ со многу сложен состав, бидејќи преку високите нивоа на калциум, железо, калиум, фосфор, бакар, цинк, магнезиум, селен и други минерали, потоа витамините A, B6, B12, C, D, E, K, како и ретинол, бета каротен, тијамин, рибофлавин, нијацин, фолати, пантоненска киселина, колин итн., тој  е на исто ниво со секој мултивитамин и бета глукан, затоа што ги задоволува целокупните дневни потреби на организмот со супстанциите од својот состав.

Вреди да се напомене дека сите состојки се од природно потекло, а токму тоа овој производ го издвојоува од бројните слични производи, па оттаму е награден и со „Меѓународен златен медал за иновација“.

Делување

– Прав од КОЗЈО МЛЕКО – силно го зајакнува имунитетот, ги совладува алергиите и го лекува бронхитот. Има изразени антиканцерогени својства.

– Прав од КОБИЛИНО МЛЕКО – еликсир на здравјето и антиалерген за болести на дишните патишта и невродермитис, најслично на мајчиното млеко, познато по својствата против стареење и против брчки.

– Прав од семе од КОРИЈАНДЕР – го чисти организмот од отрови и тешки метали, претставува природен лек за анемија, го намалува нивото на холестерол и шеќер,  го нормализира варењето на храната.

– Прав од цветот на ЛЕКОВИТИОТ ЧИСТАЧ (Бетоника) – го чисти црниот дроб и врши детоксикација на целиот организам. Ги отстранува раздразнетоста и немирот, и делува против главоболка.

– Прав од лист од МАТОЧНИК – го отстранува заморот од прекумерните интелектуални активности, смирува, делува против стресот, мигрената и депресијата, и го зајакнува помнењето.

– Прав од лист од МАЈЧИНА ДУШИЧКА – благотворно делува на бронхијалната асма, претставува антисептик, го стимулира искашлувањето, ги зајакнува нервите и ја отстранува несоницата.

– Прав од лист од ЦИКОРИЈА – го подобрува расположението, ја отстранува потиштеноста и депресијата, ја зајакнува функцијата на црниот дроб и помага кај болести на слезината и дијабетесот, делувајќи како диуретик.

Дозирање

За редовно одржување на имунитетот, препорачуваме 3-4 таблети дневно. Во случај на нагло опаѓање на имунитетот или состојба на хроничен бронхит, дерматит, алергии и други акутни состојби, препорачуваме доза од 6 таблети дневно. Ова дозирање се однесува на сите возрасни групи, бидејќи на помалите деца им е потребно забрзано зајакнување на имунитетот, затоа што кај нив најбрзо се намалува, па со тоа се најранлива популациска група. Имуноалфа таблетите имаат класична големина, а доколку децата не сакаат да ги голтнат или се премали за консумирање (препорачуваме да ги земаат деца постари од 6 месеци, во лажица) – иситнете ја таблетата (тоа лесно ќе го направите, бидејќи се потполно природни и технолошки помеко пресирани заради полесно иситнување).

Не е потребно да се направи пауза од консумирањето. Искуствата покажуваат дека со редовна употреба, корисниците се посилни, поздрави и поотпорни. Не заборавајте дека е потребно зголемено внесување на течности за да се постигнат најдобри резултати. Потребно е да знаете дека не е можно да се предозирате со Имуноалфа. Се разбира дека производот Имуноалфа не го препорачуваме на корисници коиишто се пречувствителни на некоја од неговите  состојки.

Пакување

Производот Имуноалфа содржи 180 таблети, што е доволно за 1-2 месеци, во зависност од дозирањето.

Услови на чување – да се чува на суво место, на температура од 15 до 25 степени.

Цена

Цената се движи од                       , во зависност од продажното место.

Продажни места

СОСТАВ НА ПРОИЗВОДОТ ИМУНОАЛФА

КОЗЈО МЛЕКО – познато е од дамнина дека силно го зајакнува имунитетот, ги совладува алергиите и го лекува бронхитот. Има изразени антиканцерогени својства.

КОБИЛИНО МЛЕКО – еликсир на здравјето и антиалерген за болести на дишните патишта и невродермитис, најслично на мајчиното млеко, познато по својствата против стареење и против брчки.

КОРИЈАНДЕР – го чисти организмот од отрови и тешки метали, природен лек е за анемија, го намалува нивото на холестерол и шеќер, го нормализира варењето на храната.

ЛЕКОВИТ ЧИСТАЧ (Бетоника) – го чисти црниот дроб и врши детоксикација на целиот организам. Ги отстранува раздразнетоста и немирот, и делува против главоболка.

МАТОЧНИК (МАТОЧИНА)– го отстранува заморот од прекумерните интелектуални активности, смирува, делува против стресот, мигрената и депресијата, и го зајакнува помнењето.

ЦИКОРИЈА – го подобрува расположението, ја отстранува потиштеноста и депресијата, ја зајакнува функцијата на црниот дроб и помага кај болести на слезината и дијабетесот, дејствувајќи како диуретик.

МАЈЧИНА ДУШИЧКА – благотворно делува на бронхијалната асма, претставува антисептик, го стимулира искашлувањето, ги зајакнува нервите и ја отстранува несоницата.